Невреме во демирхисарско, Слепче погодено од град


Доцна попладнево демирхисарскиот крај  го зафати силно невреме со врнежи од дожд и град.

Во селото Слепче кое е најпогодено од невремето, врнел град којшто во еден момент го послал селото како снежна покрива.

Засега нема информации за евентуални штети од временската непогода.