На 12 и 13 мај ќе се одржи петти по ред Цветен фестивал


На 12 и 13 мај ќе се одржи јубилејниот, петти по ред „Скопски цветен фестивал“. И годинава фестивалот ќе се одржи во Градски парк, под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“.

„Ќе го славиме цвеќето, природата и животот под мотото ‘Во боите на виножитото‘. Пријавувањето на учесниците е во тек на e-mail: [email protected] и на тел:02/3070 112 и 02/3070 113“, информираат од претпријатието.