На Табановце се чека до 20 минути за излез од државата


На граничниот премин Табановце поради зголемена фреквенција на возила се чека од 15 до 20 минути за излез од државата.
На останатите гранични премини, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања од македонска страна за влез и излез од државата.
Од АМСM информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.