На Иванов му бацувале рака во Крушево


На социјалните мрежи се појави фотографија од прославата на Илинден на Мечкин Камен, како една жена меѓу присутните му бакнува рака на претседателот, Ѓорге Иванов.
За разлика од владината делегација, која беше нападната со разни предмети, Иванов во Крушево беше пречекан со овации. За време на неговиот говор присутните аплаудираа и го скандираа неговото име.
Премиерот Зоран Заев во интервју деновиве соопшти дека некои од лицата што учествувале во инцидентите биле и пред Собранието на 27 април што според него потврдува дека инцидентот и нападите биле организирани.