На вчерашната прослава полицијата била на висината на задачата


Полицијата вчера за време на честувањето на Илинден била на ниво на задачата, соодветно распоредена и во делот на униформираната полиција и во делот на цивилните лица. Секое дополнително распоредување на полициски сили ќе довело до нарушување на духот на празнувањето.
Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ во врска со вчерашниот инцидент на Мечкин камен, кога одреден број лица извикуваа навредливи зборови кон припадниците на албанската етничка заедница, а исто така фрлаа и со предмети кон владината делегација и странските дипломати, присустни на прославата.
Заев нагласи дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, постојано бил со него и во Пелинце и во Благоевград и тој бил навремено информиран за сите случувања поврзани со инцидетот.
– Однапред знавме дека е можно да се случи такво нешто и порано имало такви дофрлувања од ваквите радикални структури на Мечкин камен и од МВР беа преземени сите неопходни дејствија. Полицијата беше соодветно распоредена и во делот на униформите и во цивилните лица, ако се оди понатаму може да биде претенциозно и да се остави погрешен впечакот. Нема пропусти од страна на полицијата, рече Заев.
Нагласи дека некој ги мотовирал тие поединци да се однеусваат така и додаде дека тоа се истите квазипатриотски здруженија, навивачки групи.
Заев истакна дека зад ваквите обиди за ширење говор на омраза се крие желбата за амнестија и бегање од одговорност за одредедни поединци.
– Свесен сум дека децениската неодговорност, која сега повеќе не се толерира, продуцира вакви напливи кај поединци. Институциите будно следат и работат и ќе постапуваат без разлика на кого се однесува, рече Заев.