На аукција продаден чајник за 650 илјади евра


Колекционер од Велика Британија на аукција продаде чајник за 650 илјади евра.

Чајникот со скршена дршка и без капак бил купен на друга аукција во 2016 година, а тогаш на купувачот му било соопштено дека е направен меѓу 1776 и 1800 година во грофовијата Мидлсекс.

За приказната да биде уште поинтересна колекционерот платил за чајникот само 15 фунти (околу 17 евра). Купувачот, кој се занимавал триесетина години со проучување керамика, претпоставил дека чајникот е изработен во познатата работилница „Ајлворт“ и така можел да ја процени неговата реална вредност.

Експертот од аукциската куќа „Вули и Волис“, откако му бил покажан чајникот, утврдил дека е изработен од Џон Бартлем, а неговите производи се многу ретки на пазарот.

Досега се пронајдени само шест порцелански предмети изработени од Бартлем, па затоа и овој чајник достигна астрономска цена од 575 илјади фунти, односно 653.740 евра.