Најскапи градови во 2018: Сингапур, Париз и Цирих


Сингапур веќе петта година по ред е најскап град во светот според последниот извештај на Economist Intelligence Unit, а Париз и Цирих се веднаш зад него на листата. Азиско-пацифичките и европските градови и понатаму се доминантни меѓу најскапите градови според извештајот објавен минатата недела. Исклучок е отсуството на Токио и Осака меѓу топ 10 најскапи градови во светот поради инфлацијата.

Токио од прво место во 2013 година, во текот на годината падна на 11-то место. Хонгконг, минатогодишниот втор по ред најскап град, сега се наоѓа на четврто место.

Сиднеј, пак, скокна за четири места и така влезе во 10 најскапи градови градови во светот, како и Осло, Женева, Цирих и Копенхаген.

Слабеењето на американскиот долар резултираше со тоа ниеден американски град да не се најде меѓу топ 10 и покрај релативниот пораст на стандардот на живот во САД во последните неколку години. Њујорк и Лос Анџелес се на 13-то и 14-то место, за разлика од деветтото и единаесеттото место на кое беа минатата година.