Најскапите чевли претставени во Дубаи


ОАЕ– Најскапите чевли во светот беа претставени во познатиот хотел „Бурж ал Араб“ во Дубаи, а на настанот присуствуваа само 50 специјални гости со огромни сметки во банка.

Чевлите со име „Страсни дијаманти“ (The Passion Diamond) вчера беа пуштени во продажба, а нивната цена изнесува 13 милиони фунти.

Светликавите потпетици се направени од злато и дијаманти и поради материјалот од кој се направени, се сметаат за навистина уникатно модно парче какво што досега не е видено.

„Сакавме да направиме навистина уникатни чевли и успеавме во тоа“, изјавила Марија Маџари, коосновач на „Џада Дубаи“, компанија од Обединетите Арапски Емирати, која во овој потфат соработуваше со брендот Passion Jewellery.