Најскапиот билет за отворањето на Мундијалот во Русија ќе чини 2.300 евра


Светската фудбалска асоцијација ги објави цените на влезниците за Мундијалот што идната година ќе се игра во Русија.

Што се однесува до отворањето на Светското првенство на „Лужники“ во Москва, најскапиот билет ќе чини 2.300 евра. За оние кои сакаат да ја следат церемонијата на отворање, а потоа и натпреварот, најевтиниот билет ќе чини чини 223 евра.

Во групната фаза, билетите ќе бидат поевтини. Влезницата за најдобрите места на стадионот ќе чини 880 евра, а најевтината е само 89 евра. Во полуфиналето билетите ќе бидат многу поскапи. Најскапиот е 3.100 евра, а најевтиниот е 312 евра.

И на крај, за финалниот меч на Светското првенство што ќе се одигра на „Лужники“ каде што ќе се одржи и церемонијата на затворање на Мундијалот, најскапиот билет е 4.600 евра, а најевтиниот може да се купи за нешто помалку од 500 евра.