Најмалку 55 лица починаа од студот ширум Европа


Бројот на жртвите од студот во Европа се искачи до 55, при што дури 30 се од Украина, кои главно биле бездомници.

Во Киев температурите се спуштија до минус 23 степени.

Портпаролката на украинското Министерство за вонредни ситуации Јулија Јершова изјави дека 21 лице биле пронајдени смрзнати на улица, петмина починале в болница, а четири во своите домови.

Во последните 24 часа во Полска починаа пет лица, а вкупно 15 за четири дена, соопшти националната полиција.

Во последното деноноќие, во Романија од студ починаа две лица, со што смртниот биланс од почетокот на стидениот бран во земјата се искачи на осум лица.

Во текот на ноќта во Москва почина едно лице, соопшти руското Министерство за здравство.

Двајца возрасни и дете загинаа вчера во Велика Британија, како резултат од снежните врнежи и студот предвизикани од атлантската бура „Ема“ и антициклонот „Ѕверот од Истокот“.

На територијата на Англисја и Велс вчера беше прогласен црвен код за опасност поради лошото време. Во Велика Британија беа затворени илјадници училишта. Во Шкотска и натаму се затворени двата најголеми аеродроми – во Единбург и Глазгов. Серија летови се одложени и од другите аеродроми во Британија, вклучително и од Лондон.