Најмалку тројца загинати од истрелана ракета врз Килис


Три лица загинаа, а 15 се повредени откако беше истрелана ракета од сирирскиот реон Африн врз турскиот град Килис.

Ракетата погодила џамија во центарот на градот.

Неколку ракети се истрелани од сириска територија врз турските градови Килис и Рејханл во последните денови откако Турција ја почна операцијата Маслиново гранче врз сириската курдска милиција Сили за заштита на народот во реонот на Африн, северозападна Сирија.

Турција во саботата ја почна операцијата откако од сириска територија беа истрелани ракети врз градот Рејханл, при што загина еден сириски државјанин, а 46 беа повредени. Други петмина беа повредени во ракетен напад врз Килис.