Најдобрите фотографии направени од дрон за 2017 година


Интернет-страницата „Дронстаграм“, чие име jaсно укажува какви содржини можат да се најдат таму, објави листа со најдобри фотографии за минатата година.

Меѓу фантастичните фотографии направени од беспилотни летала ширум нашата планета, има водени лилјани, поларни мечки, песочни дини, прекрасни плажи, а секако кога се прави избор на најубави места на планетата мора да се најде и некое место од Балканот. Овој пат за жал на оваа листа не се најде Македонија, но затоа овековечен беше црногорскиот бисер Свети Стефан.