Најдени се повеќе пакувања од фалсификуван лек


 

Инспекциските служби открија поединечни пакувања од еден лек кои одговараат на дефиницијата за фалсификуван лек, објави Роберт Бекировски, директор на Агенцијата за лекови, во отчетот за сработеното.

Станува збор за пакувања од исти лек кои не  биле пуштени во промет и до Основното јавно обивнителство е поднесена пријава и предметот е предаден на натамошна постапка. Бекироски одби да каже кој е лекот во интерес на постапката во Обвинителството.

 

Друг сегмент на кој посветиле внимание е функционирање на системот за следење на несакани ефекти од употребата на лековите и медицинските средства, кој не функционирал. Доказ за тоа се 48 пријави евидентирани од јануари до октомври 2017 година.

Oформена работна група која ја сочинуваат клинички и болнички фармацевти од различни здравствени институции, кои поминале обука и продолжиле да ги применуваат добиените сознанија, а како почетен резултат од таа активност за период од два месеци бројот на пријави е зголемен на над сто пријави.