Националниот младински совет на Македонија стана членка на Европскиот младински форум


Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) стана полноправeн член на Европскиот младински форум на Генералното Собрание што заврши денеска во Брисел.

Со тоа, младите од Македонија преку НМСМ ќе добијат можност полноправно да одлучуваат за голем број младински политики со своите врсници од Европската Унија и Европа, наведуваат од организацијата.

Европскиот младински форум (ЕМФ) е платформа составена од национални младински совети и меѓународни младински организации од цела Европа и брои 104 членки. Формиран во 1995 година, Европскиот младински форум е најголемото и највлијателното претставничко тело на младите во Европа кое активно учествува во креирањето на младинските политики, заедно со носителите на одлуки на европско ниво.

Полноправното членството на НМСМ во Европскиот младински форум доаѓа по две годишно активно работење, следење на појавите, трендовите и политиките на европско и регионално ниво, постојан придонес кон европските и регионалните работни тела, како и проценка на организациските капацитети, наведуваат од Националниот младински совет.