Научници се обидоа да променат човечки ген заради неизлечива болест
Научници првпат се обидоа да променат човечки ген поради неизлечива болест, но така што тоа да не го измени ДНК-та на лицето. Целта е пациентот да се излекува од Хантеровиот синдром.
Експериментот почна на почетокот од оваа недела. Брајан Мадон (44) интравенозмо прими милијарди примероци од корективниот ген што треба да ја „пресече“ неговата ДНК на точно одредено место.
пациентот е подготвен на секаков ризик со надеж дека, како што вели, тоа би можело да им помогне и на други луѓе.
За околу еден месец, лекарите ќе знаат дали терапијата може да успее. За три месеци треба да го има и конечниот одговор дали ќе биде воведена како медицинска терапија за пациентите со Хантеров синдром.
Науката и претходно успеваше да произведе промени во човечкиот ген, но само во лабораторија, на извадени ќелии, кои потоа се враќаа во човечкото тело. Постојат и генетички терапии кои не значат промени во ДНК-та.