Натали Вуд: Дали тајните мемоари ќе ја расветлат смртта на актерката?


САД – Излегоа во јавност тајните мемоари на актерката Натали Вуд. Во нив, таа зборува за нејзините лични демони и проблематичната врска со сопругот Роберт Вагнер.

Во „Инсајд едишн“”, Натали напишала: „Бев опкружена од луѓе, но се чувствував сосема сама“.

Исто така откриена беше рачно напишана белешка од Натали Вуд за Вагнер, во која вели дека имаат „сериозни недостатоци во врската“.

Натали, исто така, напишала дека „гледајќи од надвор, ние сигурно сме изгледале како американскиот сон, бевме привлечни и успешни, па што би можело да биде погрешно?“

Сестра ѝ на Натали Вуд, Лана вели дека не знае дали во мемоарите има приказна од која фановите ќе бидат „шокирани“.

„Тоа е приказна што ја знам премногу добро. Таа беше вистинска личност со вистински проблеми“.

Омилената холивудска актерка со ангелска убавина Натали Вуд беше пронајдена како лебди во водите на островот Каталина во 1981 година, по едрење со Вагнер и актерот Кристофер Вокен, со кого го снимаше филмот „Brainstorm“..  Точните околности за нејзината смрт никогаш не се утврдени, а во официјалното соопштение на полицијата како причина за смртта се наведува „давање и други неутврдени околности“.Причина за тоа се модриците на нозете и рацете како и рана на образот на актерката. На почетокот од оваа година, полицијата го прогласи Вагнер за личност од интерес на истрагата за смртта.

Лана го обнови нејзиното долгогодишно тврдење дека Вагнер е одговорен за мистериозната смрт на нејзината сестра.

-Ова е од докторот, новиот доктор, таа била или несвесна или била веќе почината кога влегла во водата“, вели Лана.

Лана додаде дека мемоарите на нејзината сестра биле напишани неколку години пред нејзината смрт и дека кога таа им ги покажала на власта, „тие биле многу изненадени” од нив.

„Не знам дали мемоарите ќе ја расветлат нејзината смрт, мислам дека работите што детективите ги откриле ќе фрлат светлина“, рече таа.

Роберт Вагнер негираше дека има било каква врска со смртта на Натали Вуд.