Наследничката Ники Хилтон роди втора ќерка


САД- Богата наследничка Ники Хилтон по втор пат стана мајка. Таа на својот сопруг, милијардерот Џејмс Ротшилд, му подари девојче и тоа е нивна втора ќерка. Пред една година и половина, тие го добија своето прво дете, Лили-Грејс. Нејзината новородена ќерка ќе се вика Теди-Мерилин Ротшилд.

“Божиќ подари! На 20 декември, Џејмс и јас го поздравивме малото девојче, Теди Ротшилд. Се чувствуваме исклучително благословени за време на оваа сезона “, напиша Ники Хилтон на Твитер.

Теди е родена во Њујорк, а целото семејство на Хилтон, вклучувајќи ја и сестра и Париз присуствувале на раѓањето, соопшти People.

Ники Хилтон и Џејмс Ротшилд имаа гламурозна свадба во 2015 година, аа церемонијата се одржа во стаклена градина во Кенсингтон Палас во Лондон.