Насилство во домот „Гоце Делчев“: Студентка била тепана и горена со цигари по рацете


Студентката Д.Т. (21) од Радовиш која престојува во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, вчера околу 17 часот пријавила дека физички била малтретирана.

Според информациите на полицијата, лицето М.Ѓ. ја заклучил во соба, ја влечел за рака, ја горел со цигари и ѝ упатувал навредливи зборови.

Девојчето се здобило со изгореници на десната рака.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.