Награда за Балетот на МОБ на фестивал во Италија


Балетот на Македонската опера и балет ја доби престижната награда „Златна Оревокршачка“ 2017 (Lo Schiaccianoci d’Oro” 2017) на меѓународниот фестивал за танц во Рим.

Како што соопшти МОБ, наградата е доделена во категоријата за извонредност на театри во светот и била врачена вчера во театарот „Квирино“ во италијанската престолнина.

Во име на Македонската опера и балет наградата ја прими Олга Панго, уметнички раководител на Балетот, а и ја додели балетската легенда од Италија, Карла Фрачи.

На Гала-вечерта настапија балетските првенци на МОБ – Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.