Напад на синагога во Питсбург, најмалку осум мртви


Вооружена група влегла во синагога во Питсбург, Пенсилванија и отворила оган на присутните, соопштуваат американските медиуми, а пренесува и тв мрежата Си-Ен-ЕН. Полицијата и припадниците на итната служба, според тие извештаи, стигнале во синагогата конгрегација – Дрво на животот, која на интернет страницата се опишува себе си како традиционална, прогресивна и егалитарна заедница, околу 14 часот. Според некои извештаи во инцидентот има осум жртви, но тие информации не се потврдени. Според наводите на полициското радио напаѓачот се предал и се наоѓа во притвор.