Нападнати две лица во Градски парк, претходно им барале пари


Непознати машки лица ноќеска околу 1, 20 часот во Градскиот парк во Скопје ги нападнале А.Н.(23) од Прилеп и С.Б.(23) од Скопје. Нападнатите, како што е наведено во полицискиот билтен, додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари.

Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот во полициска станица, а А.Н. бил физички нападнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.