Над 50 лица починаа од алкохол во Индонезија


Речиси 50 луѓе починаа за една недела во западниот дел на Индонезија, како последица од труење со илегално произведен алкохолен пијалак.

Жртви има и во главниот град Џакарта.

Поради високите даноци на алкохолот во Индонезија, каде живее главно муслиманско население, се повеќе е распространет црниот пазар меѓу сиромашните жители.