Над 400 зоополицајци ќе бидат распоредени низ цела Бугарија


Над 400 зоополицајци ќе работат на територијата на Бугарија, соопшти директорот на „Национална полиција“ Христо Терзијски на редовниот месечен брифинг.

Терзијски наведе дека 433 лица се истражни полицајци и оперативци, кои изразиле желба да работат и во таа сфера.

– Ако се случи инцидент со животни, тие ќе одговорат соодветно, бидејќи се запознаени со постапките за преземање активности во такви ситуации. Тие ќе извршуваат неколку функции, истакна Терзијски.

Тој дополни дека досега имало 298 извештаи за појава на свирепост кон животни, при што повеќе од 20 отсто од овие престапи се откриени, по што следи соодветна постапка.