Надополнување на „Скопска“ само во билетарница


Купување нови и надополнување на кредит во картичките „Скопска“ на ЈСП Скопје во следните неколку денови ќе се врши само во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие. Договорот на ЈСП Скопје и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги на други продажни места заврши, а во текот на следните денови претпријатието ќе постави своја опрема и логистика, по што граѓаните ќе имаат можност повторно да надополнуваат преку мрежа на секундарна дистрибуција.

Ова решение може да создаде нелагодности кај граѓаните, но пред целосна вредносна искористеност на договорот кој го имаме склучлено со фирмата-мастер дилер, не бевме во можност за активирање на подготвеното решение. Со него многу наскоро продажба на нашите услуги ќе биде повторно возможна преку мрежа на секундарна дистрибуција. Дотогаш, тоа ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на ЈСП Скопје која ја сочинуваат 32 билетарници, се вели во соопштението на ЈСП.