Надал се предаде, Чилиќ полуфиналист на Австралија опен


Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ обезбеди полуфинале на Австралија опен, откако најдобриот играч на светот, Рафаел Надал, го предаде натпреварот во вториот гем од петтиот сет поради повреда.

Резултатот во тој момент беше 2-2 во сетови (3-6, 6-3, 6-7, 6-2) и 2:0 во гемови во решавачкиот сет.

Надал, во средината на четвртиот сет побара медицински тајм-аут поради болка во бутниот мускул. Тој успеа да издржи до крајот на четвртиот сет и кога се чинеше дека тешко да се движи, тој влезе во последниот сет.

Сепак, откако го загуби својот сервис на почетокот на петтиот сет реши да му го предаде мечот на Хрватот.

Чилиќ во полуфиналето ќе игра против Британецот Кајл Едмунд кој во првото четвртфинале го совлада Бугаринот Григор Димитров со 6-4, 3-6, 6-3, 6-4 .