Награди „БАФТА 2019“: „ Фаворитката“ на Јоргос Лантимос води со 12 номинации


САД- Филмот „Фаворитката“ (The Favouritе) на Јоргос Лантимос води според бројот на номинации за наградите на Британската академија за филм (БАФТА)-12, кои ќе бидат доделени на 10 февруари во Лондон. Филмовите Bohemian Rhapsody, A Star Is Born, First Man and Roma, водат со по седум номинации.

Во категоријата главна машка улога пак се соочуваат Бредли Купер, Рами Малек кој освои Златен глобус, Стив Коган, Кристијан Бејл и Виго Мортенсен. За најдобра женска улога се борат Леди Гага, Глен Клоуз која освои Златен глобус, Мелиса Мекарти, Вајола Дејвис и Оливија Колман.

„Фаворитката“ на режисерот Лантимос му донесе специјална награда од жирито на Венецискиот филмски фестивал, а беше прикажан и на меѓународните фестивали во Њујорк, Ванкувер, Хамбург, Сан Диего, Лондон и Чикаго, се најде и во гала-програмата на годинешниот „Синедејс“ во Скопје.

Дејствието се одвива во раниот 18 век кога Англија е во војна со Франција и ја прикажува борбата околу тронот на кралицата Ана.