Навивачите на Фиорентина се збогуваат со капитенот


„Чао, капитену“! Тоа е само еден од транспарентите на навивачите на Фиреонтина посветени на нивниот миленик Давиде Астори. Триесет и едногодишниот фудбалер почина ноќта спроти неделата во хотелска соба во Удине каде што го чекаше натпревар против Удинезе. Навивачите на составот од Фиренца, неделата ја минаа пред стадионот „Артемио Франки“. И утрово доаѓаат таму, се молат и плата свеќи. Во солзи се збогуваат со капитенот. Оставени се стотици шалови на Фиорентина и пораки за Астори.