Навас го продолжи договорот со Реал


Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас стави крај на гласините поврзани за неговата иднина со друг тим. Тој потпиша продолжување на договорот за уште една година и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2021 година, пренесе „Марка“.

Така шпекулациите дека ќе го напушти Мадрид, конечно завршија. Во последните недели се зборуваше дека Костариканецот сака да си замине, бидејќи е незадоволен од својот статус на резерва кај тренерот Сантијаго Солари.

Со потпишувањето на договорот, Навас ќе добие и зголемување на платата. Така годишниот надомес за 32-годишниот голман веќе е 5 милиони евра по сезона.

Неговиот статус сепак, не се менува. Тој останува прва резерва на носителот Тибо Куртоа, кој добива шанси да настапува во Примера и Лигата на Шампионите.