Навални: Можам да го победам Путин на фер избори


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека е уверен оти ќе го победи рускиот претседател Владимир Путин доколку има фер избори.

Во изјава за американски медиуми, тој рече дека не може да победи сѐ додека Кремљ има контрола врз информациите што се емитуваат на телевизиски станици.

Навални додаде дека Кремљ не сака да го види него во изборната трка бидејќи може да има влијание врз изборите.

Според најновите анкети на Левада центар, 75 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Путин