Му починал синот, а тој стиснал заби и застанал да брани
Апсолутен херој во изминатиот викенд е Ала Ахмед, голман на ирачкиот клуб Нафт Мајасан, на чиј пример најдобро се гледа колку животот и професионализмот се сурови. Само еден по смртта на својот син, Ахмед стисна заби и истрча на терен, не кажувајќи им на соиграчите ниту на тренерот каква трагедија доживеал. Се воздржуваше за време на целиот меч, а кога судијата означи крај, почна да плаче. Соиграчите се обидуваа да разберат што се случува, а потоа и тие заплакаа кога слушнаа за што станува збор.
„Немаме зборови со кои што можеме да ја опишеме болката што ја чувствуваме. Ахмед го изгуби синот, а го одигра целиот натпревар без да ни каже. Занемевме кога го видовме во солзи, но не смееме да ја делиме тагата со него. Мораме да бидеме силни и да го направиме и него силен во овие тешки моменти“, рече претседателот на Нафт Мајасан.