Му го одзел возилото и побегнал


Утрово во 07,30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Љ.К. (72) од Скопје пријавил дека во периодот од 14,30 часот на 24.04.2018 до времето на пријавување од улицата „Џон Кенеди“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски таблици. Сторителот влегол во возилото, го стартувал и заминал во непознат правец  стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 90.000 денари. Од МВР велат дека  се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.