Мухамед Хоџа се враќа на портпаролската позиција во Влада


Од денеска Мухамед Хоџа повторно е владин портпарол. „Покрај мене, тука ќе биде и мојот колега Мухамед Хоџа. Добредојде“, објави на Твитер владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Хоџа е дипломиран правник, кадар на ДУИ, од 2002 до 2008 година има работено како новинар во повеќе медиуми на албански јазик. Од 2008 година работеше како раководител на сектор за односи со јавност во Секретаријатот за спроведување на Рамковсниот договор, а извесен период беше и владин портпарол.