Муса Џафери се враќа во политичкиот живот?


Во јавноста веќе одреден период се шпекулира за можното враќање на поранешниот вицепремиер за имплементација на Охридскиот Договор Муса Џафер во политичкиот живот во Македонија. Ова добива повеќе на тежина ако се знае дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети токму Муса Џафери го смета за близок соработник во партијата.
Вицепремиерот за европски прашања и висок функсионер на ДУИ, Бујар Османи пред малку објави јавна фотографија на која Муса Џафери може да се забележи во друштво на лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Албанија, Илир Мета, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и пратеникот на ДУИ Артан Губи.
Според некои инфомации, враќањето на Џафери може да се случи веќе во наредното владино реформирање.