Мурињо објави кој е најсилниот тим во кој работел


Португалскиот стручњак Жозе Мурињо изјави во етерот на „БеинСпортс“ дека Интер во периодот 2008-10 е најсилниот тим, го кој водел во својата кариера.

Португалецот освои „требл“ со „неразурите“, а потоа го презеде Реал Мадрид.

Пред неколку недели Мурињо беше отпуштен од Манчестер Јунајтед по серијата негативни резултати, а во моментов работи како фудбалски аналитичар во катарскиот медиум.

– Интер беше најсилниот мојот тим, бидејќи освои се. Треба да бидам објективен. Со тимот освоивме сè од самиот почеток до самиот крај. Интер освои три титули, го победи најдобриот тим на Барселона со 3:1, а потоа го победи и Баерн Минхен со 2:0. Ја освоивме титулата во Италија со фантастичен број на поени, го освоивме и Купот на земјата. Победивме во три финалиња во рок од 10 дена, прокоментира Мурињо.