Мурињо не ги пушта играчите за Божик


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, има намера да им забрани на неговите играчи да ја поминат божиќната вечер со своето семејство.

Според „ The Sun“ португалскиот стручњак закажал тренинг вечерта на 25 декември и не планира да им дозволат на играчите да си одат дома порано.

Во претходните години, на 25 декември, фудбалерите на Јунајтед имаа само лесни утрински часови, по што си заминуваа дома кај семејствата за да го слават Божик.

Мурињо не е задоволен од ангажманот на фудбалерите и затоа има намера да ги казни со дополнителен тренинг, објави англискиот медиум.

Имајте в предвид дека веќе на 26 декември во англиската Премиер лига ќе се одиграат натпреварите од 18. коло.