Мурињо: Некои играчи не можат да ги издржат тензиите


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо призна дека не донел правилна одлука, кога ги пуштил Маркус Рашфорд и Скот Мектомини против Њукасл. Португалскиот стратег ги замени двајцата на пауза, кога „црвените ѓаволи“ губеа со два гола.

„Специјалниот“ потврди дека двајцата не се подготвени за тензиите кои се врз Манчестер Јунајтед во последно време, а според медиумите на Островот, пораз од „страчките“ ќе го чинеше место на чело на тимот.
На крајот, Јунајтед направи пресврт во второто полувреме и победи со 3:2.
– Можеби е моја грешка што ги пуштив од првата минута Рашфорд и Мектомини. Ти
е не се подготвени да играат на такво ниво на напнатост и не треба да започнат од првата минута. Момчињата се разбудија во саботата и немаа поим дали ќе ги водам јас или не. Мислам дека и двајцата имаа потешкотии тој ден. Тоа не е проблем за луѓе како мене, како мене. Но за помладите е различно, изјави Жозе Мурињо.
Мектомини беше вовлечен во четири средби за својот тим оваа сезона во Премиер лигата, додека Рашфорд има пет учества.