Мурињо: На Роналдо му е убаво на „Олд Трафорд“


 

Манчестер – Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, верува дека напаѓачот Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе дојде на „Олд Трафорд“ на мечот од групната фаза во Лигата на шампионите.

– Мислам дека Роналдо сака да дојде на Олд Трафорд. Кога играше за Реал Мадрид, тој беше задоволен што дојде овде. Но, тој исто така дојде да победи. Сега ќе се залага за Јувентус со кого исто така сака да ја освои Лигата на шампионите. Знам дека ќе дојде на Олд Трафорд за да победи. Но, нему му се допаѓа тука. Навивачите ќе му приредат топло добредојде, рече Мурињо.

Во гупата од Лигата на шампионите, покрај Јувентус и Манчестер Јунајтед се уште и екипите на Валенсија и Јанг Бојс