Мурињо и Гвардиола заинтересирани за Сери


Градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити веќе регистрирале интерес кон халфот на Ница, Жан Микаел Сери.
Жозе Мурињо сака да привлече барем еден полудефанзивец на местото на Мајкл Карик, кој стави крај на својата кариера, додека Пеп Гвардиола бара заменик на 32-годишниот Фернандињо.
Претставници на двата клуба веќе неколкупати ги набљудувале во живо настапите на Сери, кој е на едно од првите места во нивните листи за летна селекција.
Фред и Јулијан Вајгл се исто така меѓу варијантите на Пеп Гвардиола, тврди „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Мурињо има листа на шест играчи од средниот ред освен Сери. Според медиумите на Островот, тоа се Артуро Видал, Марко Верати, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Жоржињо и повторно Фред.