Мурињо: За мене секој противник е ист


Дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе ја одбележи денешната програма во рамките 30. коло во Премиер лигата.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, се обиде да ја намали тензијата кај играчите за важноста на натпреварот.

„Станува збор за два историски клуба во Англија и во светот. Сакам да победам, тие се само два бода пред нас. Голем меч, голем противник, но не сум за приказните од типот ‘овој меч е посебен‘. За мене секој противник е ист, никогаш не сум гледал на Милан како на посебен противник, ниту на Атлетико, Тотенхем или Арсенал“, истакна Мурињо.

Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул почнува во 13,30 часот.