Мукаетов: Комплименти до Раул, поединци да ги остават суетите дома


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешното редовно Годишно собрание се осврна на настапот на репрезентацијата на Европското првенство во Хрватска.

Тој изрази задоволство од прикажаното во Загреб, во првата групна фаза, но и забелешки за игрите во Вараждин во вториот дел од шампионатот.

„Настапот во првата фаза беше максимално успешен. Но, за жал, во втората рунда не продолживме така. Загубивме од Шпанија, од Данска и од Чешка со која можевме да извлечеме подобар резултат. Апелирам во иднина, поединци своите лични проблеми и суети да ги оставаат во Скопје и да се посветат на играта, да бидат сконцентрирани на сите натпревари до крај“ изјави Мукаетов.

Тој ја пофали работата на селекторот Раул Гонзалес.

„Сакам да упатам комплименти до стручниот штаб и селекторот Раул Гонзалес кој се надевам дека и понатаму ќе остане на кормилото на репрезентацијата.