Мукаетов: ЕП 2022 одлична можност за промоција на Скопје и Македонија


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денеска заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, присуствуваше на официјалното претставување на заедничката кандидатура на Словенија, Македонија и Црна Гора како ко-оорганизатори на Европското првенство за жени во 2022 година.

– Оптимист сум и верувам дека имаме големи шанси да ја добиеме организацијата на ЕП за жени 2022 година. Скопје во оваа организација се вклучува заедно со Љубљана и со Подгорица и веруваме дека регионално можеме да направиме многу за развој на ракометот. Ќе биде тоа одлична презентација на градот Скопје и на нашата земја Македонија. Што се однесува до ракометот, ќе биде одлична можност да го подигнеме и нивото на женскиот репрезентативен ракомет кај нас, кој јасно е дека стагнира во однос на машкиот, изјави Мукаетов.

ЕХФ треба да одлучи оваа година за домаќинот на ЕП 2022.

Како куриозитет, трите држави заеднички кандидати за организација на женското ЕП, се ривали во групата Ц на ЕП во Хрватска.