МПМ отиде во стечај


На денешното второ подготвително рочиште, со одлука на судот,  и формално е отворен стечај за „Медиа Принт Македноија“, во чии рамки излегуваа четири дневни весници, еден неделник и еденн интернет портал.
Судот, за стечаен управник го именуваше досегашниот времен стечаен управник Живко Калков.
Тој, во изјава за правосудство.мк  ,вели дека „има кристално јасна состојба за состојбите во компанијата“,  која ги издаваше дневните весници: „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ и неделникот „Теа модерна“, а кои поради лошото работење на менаџментот престанаа да постојат.

Калков вели дека неговиот извештај е сеопфатен, бидејќи тој ја поседува речеси целата потребна документација.