Москва му даде рок на Лондон да го намали персоналот во дипломатите во Русија


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека му дало на Лондон рок од еден месец да го намали бројот на дипломатите во Русија на ниво на руската дипломатска мисија во Велика Британија.

Во соопштение МНР нагласува дека бил повикан денеска британскиот амбасадор во Москва, Лори Бристоу и му била предадена протестна нота.

Во неа се укажува дека британските „провокативни акции“ предизвикале одлука многу западни влади да протераат руски дипломати од нивните држави