„Морчиба“ доаѓа на „Скопје колинг“


Легендарниот трип-хоп бенд „Морчиба“ ќе настапи на вториот фестивалски ден на „Скопје колинг“, на 22 јуни, најави „Авалон“.

„Морчиба“ за првпат доаѓа во Скопје на голема сцена, ( во 2016 настапија во МКЦ) да ги испорачаат сите свои големи песни од претходните албуми, како и песните од новиот албум „Blaze Away“ кој треба да излезе во продажба од 1 јуни.

Бендот од своето постоење од 1995 година има продадено повеќе од 10 милиони промероци од своите албуми, а познат е и по глобалните хитови како: „Enjoy the ride“, „Rome wasn’t built in a day“, „Triger Hippie“… Билетите ќе бидат пуштени во продажба од среда преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн по цени од 1000 ден ПАРТЕР, 1500 ден ФАН ПИТ.