Морган Фриман е новото заштитно лице на „Туркиш ерлајнс“


САД- Славниот актер Морган Фриман, во улога на патник, е новото заштитно лице на турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“. Рекламата ќе биде промовирана на финалето на НФЛ Суперкупот на 5 февруари. Проценката е дека околу 800 милиони луѓе ќе го гледаат натпреварот. Телевизијата THY има големо изненадување за НФЛ-финалето кое е едно од најгледаните ТВ-програми на сите времиња.
Снимањето на рекламата започна во Лос Аџелес и Морган Фриман ќе биде заштитното лице на THY за рекламирање во САД. 79-годишниот Морган Фриман е исто така и режисер, продуцент и пилот. Тој го освои својот прв „Оскар“ за филмот „Street Smart“.
Познат е и по своите улоги во филмовите „Driving Miss Daisy“ (1994) и „Shawshank Redemption“ (2004), за кои беше и номиниран за „Оскар“. Претходни заштитни лица на авиокомпанијата беа и актерот Бен Афлек, фудбалерот Лионел Меси и кошаркарот Коби Брајант.