Морбилите „косат“низ Европа


Тројно е зголемен бројот на заболени од морбили (мали сипаници) во Европа минатата година во однос на годината претходно, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Повеќе од 14.400 случаи се пријавени лани во 30 европски држави за разлика од 4.600 во 2016 година. Европските здравствени власти информираа дека епидемија на морбили се прогласени во Романија, во Италија, во Грција и во Германија.

Од 2016 година досега се регистрирани и 50 смртни случаи поврзани со болеста. Сериозни компликации се случуваат главно кај деца под петгодишна возраст и поради тоа е пожелна висока стапка на имунизација од најмалку 95 проценти.

Центарот предупреди дека и натаму се регистрираат нови случаи бидејќи нивото на имунизација е ниско.