Монтела: Приказната не е завршена, верувам дека можеме и да го победиме Баерн


Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, пред реванш натпреварот против Баерн Минхен од четвртфиналето во Лигата на шампионите смета дека неговиот тим има што да покаже и дека приказната не е завршена.

– Натпреварите се долги и најважно е да не го губиме трпението. Важно е да не примиме гол, особено во првото полувреме. Верувам дека можеме и да го победиме Баерн, истакна Монтела.

На првиот натпревар Севиља на домашен терен загуби со 1:2, а вечерва на „Алијанц арената“ ќе го одигра реваншот против Баерн.