Монтела доби отказ, Капарос нов тренер на Севилја


Винченцо Монтела повеќе не е тренер на Севилја, откако раководството на клубот реши да ја прекине соработката поради слаби резултати.

Отказот за Монтела доаѓа по само четири месеци поминати на кормилото на Севиља и му е врачен по вчерашниот пораз од Леванте, екипа која се бори за опстанок во Ла Лига.

Италијанецот сезоната ја почна во Милан, но и од таму беше отпуштен.

Наследник на Монтела на тренерската функција во Севилја ќе биде 62-годишниот Хоакин Капарос.

Тој во текот на својата кариера беше предводник и на други шпански екипи: Виљареал, Ла Коруња, Атлетик Билбао, Мајорка, Леванте, Гранада, Осасуна.

За него ова е враќање во Севилја каде работеше во периодот 2000-2005 година.