Монако го суспендираше Анри


Монако го суспендираше Тиери Хенри од тренерската позиција на клубот, додека не се донесе одлука за неговата иднина.

Од утре, тренинзите на „црвено-белите“ ќе ги води помошникот на Анри – Франк Паси.

Анри го презеде Монако пред три месеци откако го смени Португалецот Леонардо Жардим.

Легендата на Арсенал го предводеше тимот од Кнежеството во 20 натпревари во сите турнири, а тимот забележа 11 порази.

Во Лига 1 под водство на Анри, Монако има 12 натпревари во кои тимот има само 2 победи и ниту еден триумф како домаќин.