Момче од Скопје се бори за живот – го претепале тројца насилници


Дваесетиедногодишно момче од Скопје се бори за живот откако вчера било физички нападнато од три непознати машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“.

Како што информира МВР, настанот се случил вчера во времето од 17,30 до 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, од страна на три непознати машки лица кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“ физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот, а Н.С. со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

МВР работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.